01:30 - 3 април, 2026

Познатиот српски фолкер има дури три пензии: Само од Германија на неговата сметка месечно легнуваат по 1.600 евра

Српскиот фолкер Миле Китиќ исто како и неговата колешка Лепа Лукиќ зема дури три пензии. Тој во една прилика откри колку пари месечно добива од стекнатите пензии.

– Веќе сум во пензија седум години. Имам голема пензија. Босанска 62 евра, кога живеев во Сараево, плаќав пензиско и социјално осигурување. Имам и овде 70 евра, може да се собере за ручек. Се шегувам, платив минимум само за да имам здравствено осигурување. Имам мала сума и германска пензија, но ако не сум се организирал остатокот од мојот живот да го поминам мирно, тогаш треба да ме убијат. Пејам педесет години, се утепав пеејќи, ако не сум успеал да зачувам нешто, тогаш ништо не сум направил. Не заработив милиони, но имам доволно за да живеам безгрижно до крајот на мојот живот. Дури и Елена… Не ѝ треба автомобил или стан, има се – изјави еднаш Миле Китиќ за локалните медиуми.

Инаку, Миле не ја спомна сумата што ја добил од Германија, но како што претходно откри „Курир“ таа изнесува сури 1.600 евра.

Миле Китиќ наводно почнал да плаќа данок во Германија во 1994 година бидејќи само така можел да добие работна виза за цела Европа, не сметајќи дека еден ден ќе има дополнителна корист од тоа. Плаќал давачки паушално, што е околу десет илјади евра годишно во Германија.

(Фото) Синот на Брена, Виктор Живојиновиќ е вљубен до уши: Со убавицата Софија на одмор

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....