13:58 - 26 февруари, 2026

ПОТРЕСНА ОБЈАВА НА СОПРУГАТА НА ЗЕЛЕНСКИ: До сега починаа најмалку 38 деца, еве ги лицата на децата кои никогаш нема да пораснат!

 „Досега починаа 38 украински деца. Кажете им го ова на руските мајки. Покажете им ги овие фотографии на Русинките“ – напиша на социјалните мрежи Олена Зеленска, сопругата на претседателот на Украина. 

Војната не ги поштедува ни најмалите. Олена Зеленска, сопруга на украинскиот претседател Зеленски, тоа го покажа на социјалните мрежи постирајќи низа фотографии.

– Овие деца никогаш нема да пораснат, додаде таа затоа што загинале во војната во Украина.

Инаку, во тековната војна илјадници деца трептат исплашени во скривниците за да се спасат од бомбите, и уште илјадници со еден ранец на грбот сами бегаат за да си го спасат животот, одвојувајќи се од семејствата и барајќи побараат живот на друго место.

Кирил, Полина, Софија се само дел од низата украинските деца кои „никогаш нема да пораснат“.

„Руските окупатори убиваат украински деца. Свесно и цинично. Нашите деца”. Така започнува објавата на Инстаграм на Олена Зеленска.

Објавата ја прикажува најгрозоморната страна на војната во која најмалите ја плаќаат највисоката цена. Понекогаш до степен да го изгубат животот.

„Кирил, 18 месеци од Мариупол, беше итно пренесен во болница од неговите родители. Тој бил повреден од бомбардирањето и лекарите не можеле да направат ништо. Алиса од Охтирка требаше да наполни осум години. Но, таа загина во бомбардирањето со нејзиниот дедо, кој ја штител. Полина од Киев загина за време на бомбардирањето на улиците на нашиот главен град, заедно со нејзините родители и нејзиниот брат. Нејзината сестра е во критична состојба. Арсениј, 14 години, погоден во главата со куршум. Лекарите не можеле да стигнат до момчето поради истрелите. Арсениј искрвари до смрт. Софија, 6 години. Таа, заедно со нејзиниот брат од само месец ипол, со нејзината мајка, баба и дедо биле застрелани во автомобилот. Семејството се обидуваше да ја напушти Нова Каховка“, пишува во објавата.

Зборовите напишани од првата дама на Украина болат.

„Морам да ви кажам. Најмалку 38 деца веќе починаа во Украина. И оваа бројка може да се зголеми“, пишува таа.

Слични објави

„Чекам повик за операција на срце“: Дечко ѝ на Ана Николиќ потврди дека ќе биде опериран

Еспресо

„Од разните полови болести, татко ми станал стерилен“: Нови шокантни изјави на ќерката на Аца Амадеус

Е.А.

21-годишната ќерка на Ивица Дачиќ, Андреа, сака да тргне по стапките на татко ѝ

Е.А.

Хаос на одмор: Дарко Лазиќ сред ноќ полуразголен се обидувал да влезе во апартманот

Еспресо

„Синот на Милица Тодоровиќ е пресладок“: Катарина Живковиќ проговори и за нејзиното мајчинство

Еспресо

Поранешната сопруга на Аца Амадеус го пријавила за обид за убиство, вмешана и ќерката и порно-снимката

Еспресо
Се вчитува....