3.8 C
Скопје
20:27 - 21 декември, 2024

„Потребен ми е мир, веќе 40 години живеам во лудница“ – Лепа Брена искрено за односот со Бобо, заработката и стравот кој го доживува

Балканската фолк дива изолацијата ја поминува во својот дом со сопругот Бобо Живоиновиќ и синовите Стефан и Виктор, додека Филип е со своето семејство.

– Мојата генерација е воспитана според изреката: работа, работа и дисциплина. Затоа изолацијата не ми паѓа тешко. Свесна сум за глобалниот проблем. Ова е прилика да се запознаеме едни со други во кризните моменти, но и да увидиме како сме ги воспитале децата. Искушенијата во животот се големи и оној кој добро ги поднесува знае дека секое има почеток, кризни моменти, заплет и катарза, изјави Брена и додаде:

– Во последните 20 години не бев посветена на самата себе. Станав желна за домот, а како рационална личност, во се барам духовен мир, но и тоа, секој член од моето семејство да се чувствува добро, стабилно и сигурно. Ми недостасуваат пријателите и публиката, да ги прегрнам и да им кажам колку ми значат. Но мораме да бидеме трпеливи. Ова е еден вид на чистење на самите нас, планетата во еколошка смисла, но и време со насоки за некои големи промени меѓу светските сили.

View this post on Instagram

Sretan rodjendan????

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Брена истакна дека е уплашена за здравјето на најблиските, и дека неколку пријатели веќе им заболеле.

– Неколку пријатели ни заболеа, па ни на мене, ниту на Бобо не ни е сеедно. Виктор и Стефан се со нас, а Филип е со своето семејство. Сепак, кога сме сите на куп, ситуацијата знае да биде деликатна. За среќа живееме на голем имот, секој има свое катче, готви кога сака или се занимава со спорт, изјави пејачката, па откри дали таа и Бобо се расправаат.

View this post on Instagram

#lepabrena

A post shared by brenalepa fp (@brenalepafp) on

– Не сме навикнати да поминуваме волку време заедно, но мудро преминуваме преку се што ќе ни засмета. Свесни сме дека сега не е момент за никакви кавги.

Пејачката додаде и дека обожава да работи низ домот и дека никогаш не и е досадно.

– На мудрата жена не може да и биде досадно. Покрај родителите јас, мојот брат и сестра ми научивме да правиме се: да кречиме, фарбаме, а покрај мајка ми, која беше кројачка, и да шиеме. Сега по нејзините совети ја уредувам и градината, изјави Брена, па додаде дека и одговара ситуацијата кога не може да купува ништо освен храна.

View this post on Instagram

It's corona time?

A post shared by ???? ????? ??????❤ (@lepabrena_arhiva2) on

– Одмор ми е тоа што не купувам ништо бидејќи поради работата со децении бев во брзање да набавам гардероба и шминка. Во таквото брзање често јадев било што колку само да не бидам гладна. Полни 40 години живеев во лудница и мирот сега ми одговара. Организмот започна да ми наплатува за се што правев погрешно, па јадам само кога сум гладна и избегнувам месо.

Во моментот естрадните уметници не можат да заработуваат, а Брена истакна колку е спокојна бидејќи нејзиниот сопруг развил приватни бизниси.

– Никогаш не верував во тоа дека нешто трае вечно. Боба по повредата на грбот сите свои идеи ги претвори во бизнис. Среќна сум што имам партнер кој разви толку приватни бизниси за се, и благодарение на него, се чувствувам спокојно. Ја фалам неговата креативност бидејќи тој е многу скромен.

View this post on Instagram

#lepabrena

A post shared by brenalepa fp (@brenalepafp) on

Пејачката наскоро ќе го обележи и 60. роденден, но признава дека не размислува за тоа.

– За родендените повеќе не размислувам, но сакам да сум тој ден со домашните. Голема радост во животот ни донесе и малечкиот Александар. Остварив многу свои соништа, па уживам и гледам како децата ни растат. Мојата карма е да ги усреќувам луѓето. Концентрирана сум на тоа овие моменти да пројдат, а потоа ќе го прославиме и роденденот и животот, истакна Брена.

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....