5.8 C
Скопје
05:12 - 1 април, 2026

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Рецепт за панфорте – италијански колач со суви смокви, лешници и бадеми

Прекрасен италијански традиционален посен колач кој редовно ќе стане дел од вашата трпеза за време на постот, а и по него. 

фото – инстаграм

Потребни намирници

150 грама шеќер,

80 грама брашно,

150 грама мед,

200 грама суви смокви,

100 грама печени лешници,

125 грама бланширани бадеми,

100 грама посна црна чоколада,

рендана кора од портокал,

шеќер во прав,

прстофат ѓумбир,

мускатно оревче и цимет,

посен маргарин.

Подготовка

Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и премачкајте ја со посен маргарин. Во сад ставете го брашното, додадете ги зачините, целите лешници и бадеми, иситнетото чоколадо, ренданата кора од портокал и сечканите смокви, па добро измешајте.

На умерена температура истопете ги медот и шеќерот, гответе пет минути без мешање. Карамелот прелијте го преку припремената смеса, брзо промешајте, претурете ја смесата во тавата за печење и изравнете ја со лажица.

Печете во рерна на 150 степени околу половина час. Колачот изладете го, попрскајте го со шеќер во прав, завиткајте го во пластична фолија и оставете го да отстои во фрижидер.

фото – инстаграм

Добар апетит!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....