4.8 C
Скопје
00:34 - 14 март, 2026

Бившиот партнер на Милица Тодоровиќ кој се претставувал како успешен бизнисмен ќе отслужува затворска казна за кражба и измами

Високиот суд во Белград пресуди дека Марио Беришиќ (34), поранешниот партнер на пејачката Милица Тодоровиќ, ќе биде екстрадиран во Хрватска, откако по него беше распишана меѓународна потерница. Беришиќ беше уапсен на 13 февруари во Белград, каде што со години се претставуваше како успешен бизнисмен.

Според домашните медиуми, хрватскиот Интерпол го бара за да отслужи едногодишна затворска казна за кражба, како и поради истрагите што се водат против него за четири измами и обид за изнуда.

– Хрватска издаде налог за негово апсење за да отслужи едногодишна затворска казна за кривично дело кражба, како и за водење постапка за четири измами и обид за изнуда – тврди Курир.

Српскиот суд утврди дека се исполнети сите законски услови за екстрадиција, а Хрватска во меѓувреме ја достави потребната документација.

Неговите адвокати тврдеа дека против него немало постапка, додека самиот Беришиќ призна во полицијата кратко по апсењето дека знаел дека против него се води постапка во Хрватска. Сепак, тој се бранеше тврдејќи дека не се крие во Србија и дека не знаел дека е распишана потерница.

Интересно е и тоа што Милица Тодоровиќ ја криеше својата врска со „хрватскиот бизнисмен“, иако јавно призна дека има нов избраник.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....