2.8 C
Скопје
04:46 - 21 март, 2026

Поранешната девојка на Џони Деп, Елен Баркин ќе биде следен сведок (во полза на Амбер Херд)

Како што објави Њујорк пост, правниот тим на Амбер Херд открил дека следната недела ќе сведочи поранешната девојка на Џони Деп, Елен Баркин. И тоа во полза на Амбер.

Извор близок до Амбер Херд (36) открил дека Елен Баркин (68) ќе биде дел од судењето како сведод, а ќе одговара на прашања преку Зум.

Херд ја вклучи Баркин на нејзината листа на сведоци уште на почетокот на судењето, но до сега не се знаеше дали таа ќе прифати да сведочи.

На оваа листа се најдоа и Илон Маск и Џејмс Франко, но потврдено е дека нема да сведочат.

Амбер Херд верува дека сведочењето на Елен Баркин ќе помогне да се убеди поротата дека таа не ги измислила злоставувањата што Деп и ги нанел повеќе пати, односно дека ја зборува вистината (а не дека лаже – какви што беа тврдењата на Деп).

Баркин и Деп имале љубовна врска  во 1990-тите, за време на Fear and Loathing во Лас Вегас.

Амбер Херд е убедена дека сведочењето на Елен Баркин можат да ѝ помогнат да го потврди насилното минато на Џони Деп.

За разлика од Елен, глумицата Винона Рајдер, која исто така била дел од љубовното минато на Деп, се изјасни за случајот „Деп против Херд“ дека во нејзината врска со Деп никогаш немало насилство.

 

Слични објави

(Фото) Провокативните фотографии ѝ се заштитен знак, а нејзините фитнес-совети ги следат 9 милиони луѓе

Еспресо

Се огласи адвокатот на Даниел Кајмакоски за киднапирањето: „Претпоставувам дека можеби станува збор за луѓе…“

Еспресо

Марија Шерифовиќ објави албум со детски песни, една му посвети на синот Марио

Еспресо

Марија Шерифовиќ призна дека нејзиниот син е толку залепен за неа, што не може да оди ниту во тоалет

Еспресо

(Видео) Последната објава на Чак Норис од пред само 10 дена: „Само преминувам на повисоко ниво“

Еспресо

Чак Норис зад себе остави пет деца, два брака и живот поголем од филмскиот мит, а од глумата се повлече за да ѝ се посвети на болната сопруга

Еспресо
Се вчитува....