18.8 C
Скопје
15:55 - 15 март, 2026

Попоски: Зимата ни се враќа, дождови, снег и студено време! Еве кога

– За време на овој викенд во Македонија ќе се задржат пролетните температури и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 20 степени. 

Сепак ќе има повеќе облачност и ќе има појава на повремен локален дожд, а утре локално ќе биде и естабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Исто така утре на повеќе места ќе дува ЗАСИЛЕН, до СИЛЕН ветер од југозападен правец (локално со брзина до околу 80 км/час).

Од понеделник под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде низ Македонија, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Снежната граница има услови да се спушти и до околу, па дури и под 1000 м.н.в, особено во западните и во северните предели.

Врнежите особено во понеделник попладне и навечер на МНОГУ МЕСТА ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).

Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат (дури за десет, а понекаде и за повеќе од десет степени) и максималните температури од понеделник па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени. Температурите кој се очекуваат од понеделник ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за почетокот на април месец.

По се изгледа дека во првата половина од месец април ќе имаме постудено време од вообичаеното и со почести врнежи од дожд и снег, што значи дека со зимата не е завршено – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....