13:44 - 12 март, 2026

Попоски: Во следните 10 дена вистинско септемвриско лето во Македонија, со исклучок на еден ден

– Нашата територија, но и територијата на целиот регион во следните дестина дена ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Времето ќе биде сончево со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, додека наутро и понатаму ќе биде свежо.

Од средината на оваа седмица локално ќе има повеќе облачност, а од петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И во делови од Скопската котлина од петок попладне ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека особено во Малешевијата температурата ќе се спушта и под 10 степени, а максималните дневни температури на воздухот како што кажавме ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Ув индексот во следните неколку денови ќе има висока вредност и ќе изнесува 7 – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin
Се вчитува....