13.8 C
Скопје
16:20 - 24 февруари, 2026

Попоски: Србија под снег, еве дали стигнува снегот и во Скопје

– Од вечерва, па во следните денови во Македонија, и тоа особено во западните предели ќе има повремени врнежи со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Врнежите ќе бидат од дожд во градовите, додека снег ќе врне на повисоките места и на планините.

НАПОМЕНА: Снежната граница особено на запад локално ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што појава на лапавица понекаде ќе има и во градовите. Ќе продолжи да дува северниот ветер и ќе биде НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината.

Особено студено ќе биде навечер и наутро, кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до, па и под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени. На високите планински места и тоа особено на северозапад температурите ќе се спуштат дури и под -5 степени.

Максималните температури ќе бележат тенденција на мал пораст, но и понатаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Во Скопје исто така ќе има услови за повремени послаби врнежи од дожд, а на околните повисоки места и на планините ќе провејува снег. Ќе продолжи да дува северниот ветер. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 2 степени, додека максимални дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 13 степени.

Инаку целиот регион е зафатен од невообичаено студениот бран од север. Во соседна Србија има и снежна покривка на повеќе места. Снег падна и во главниот град на оваа држава, Белград. Во Хрватска беснееше и Орканска бура со брзина на ветер и до 110 км/час, понекаде и повеќе.

За време на изминатиот голем влажен бран од Медитеранот кој ја зафати нашата држава, на многу места донесе значително количество на воден талог (над 30 л/м2, а најмногу дожд наврна во Демир Капија и тоа 50 литри). На планините и повисоките места дојде до формирање на нова снежна покривка, што значи дека Скијачките центри се подвторно под снег – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо

Ѓина Џиновиќ ја напушти Србија поради ново момче, еве што сѐ прави во Барселона

Еспресо
Се вчитува....