7.8 C
Скопје
21:48 - 30 март, 2026

Попоски предупредува на интензивни дождови и поплави, провејување на снег и во градовите, еве кога

– Моќниот циклон пристигна во западните предели од Македонија, условувајќи олуен ветер и интензивни дождови. Понатаму врнежите ќе се прошират насекаде и НАЈИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните и во југозападните предели. Постои опасност од локални ПОПЛАВИ, затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Температурите поради силното јужно и југозападно воздушно струење ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО високи и насекаде над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат дури до околу 18 степени.

НАЈАВА ЗА КРАТКОТРАЈНО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ЗА ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ И НА НЕКОИ ОД ПОНИСКИТЕ МЕСТА (ГРАДОВИТЕ): Поради продор на СТУДЕНА воздушна маса од север, ноќта понеделник кон вторник, како и во вторник рано наутро се очекува позначителен пад на температурите, со што освен  на планините, провејување на слаб снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во северната половина од државава.

Сепак после ова краткотрајно заладување на времето, следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите и ново изразено јужно воздушно струење, како и јужен и југозападен ветер, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....