7.8 C
Скопје
20:54 - 30 март, 2026

Попоски: Подгответе се, доаѓа силно невреме, еве кога

Под влијание на нова ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, за време на овој викенд повторно на многу места низ Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време кое може да услови локални поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град и истиот може да биде КРУПЕН, и може да создаде нови штети, особено врз земјоделието, затоа истото со време заштитете го.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на СИЛНО НЕВРЕМЕ, како и на силни електрични празнења, апелираме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во Скопје  иоколината исто така можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, но и локални ПОПЛАВУВАЊА.

Температурите нема да се менуваат од оние кои ги имаме сега и остануваат типични за овој период од годината (не се очекуваат екстремно високи температури) – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....