18:19 - 13 ноември, 2026

Попоски: Ни доаѓаат рекордни температури до 47 степени, во Грција до 50 степени (под сенка)

– Опасниот топлотен Африкански бран во Македонија и во регионот ќе се задржи најмалку уште дестина денови и ќе донесе уште повисоки температури на воздухот, како и екстремно висок Ув индекс со вредност (10). Токму поради ова на граѓаните и понатаму им препорачуваме да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.

Времето и понатаму ќе биде претежно сончево и стабилно без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, ветерот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите и во текот на следната седмица во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, додека понекаде и тоа особено во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат и 40 степени. Барем според сегашните достапни метео анализи, не се исклучува можноста кон крајот на следната седмица температурите во најтоплите предели од Македонија да надминат и 45 степени, односно можно е да имаме рекордни температури дури до 46, 47 степени.

Во соседна Грција температурите се очекува да се искачат дури до близу 50 степени.

Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу, повремено и над 40 степени во текот на следната седмица.

Минималните температури во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија во текот на следните ноќи нема да се спуштаат под 20 степени, што значи дека очекуваме “Троспки ноќи”.

НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат над 50 степени, а понекаде дури до околу 60 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....