01:04 - 2 април, 2026

Попоски: Ни доаѓаат рекордни температури до 47 степени, во Грција до 50 степени (под сенка)

– Опасниот топлотен Африкански бран во Македонија и во регионот ќе се задржи најмалку уште дестина денови и ќе донесе уште повисоки температури на воздухот, како и екстремно висок Ув индекс со вредност (10)Токму поради ова на граѓаните и понатаму им препорачуваме да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.

Времето и понатаму ќе биде претежно сончево и стабилно без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, ветерот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите и во текот на следната седмица во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, додека понекаде и тоа особено во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат и 40 степени. Барем според сегашните достапни метео анализи, не се исклучува можноста кон крајот на следната седмица температурите во најтоплите предели од Македонија да надминат и 45 степени, односно можно е да имаме рекордни температури дури до 46, 47 степени.

Во соседна Грција температурите се очекува да се искачат дури до близу 50 степени.

Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу, повремено и над 40 степени во текот на следната седмица.

Минималните температури во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија во текот на следните ноќи нема да се спуштаат под 20 степени, што значи дека очекуваме “Троспки ноќи”.

НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат над 50 степени, а понекаде дури до околу 60 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....