8.8 C
Скопје
22:27 - 13 март, 2026

Попоски најавува: Значително заладување на времето

Од денес, па во текот на седмицата која е пред нас, следува период на значително постудено време. До крајот на денов и утре сеуште ќе има услови за локален дожд и услови за ретка појава на грмежи, а потоа времето ќе биде претежно стабилно и сончево.

Во периодот кој што е пред нас ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Наутро особено ќе биде постудено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат до околу, па дури и под 10 степени, а во крајните југоисточни предели тие ќе достигнат до 16 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 32 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Најсвежо преку ден ќе биде во втоник кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. На повидок нема екстремно топол бран и екстремно високи температури на воздухот, а за ноќните, како и за утринските часови потребна ќе биде дури и потопла облека.

Во Скопје  и околината следува период на значително посвежо време,  а ќе биде претежно стабилно и суво со засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 11 и 16 степени, додека максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 30 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.

Последна информација за состојбата на Зорица Брунцлик: Откриени најновите вести по операцијата 

Е.А.
Се вчитува....