7.8 C
Скопје
18:56 - 1 април, 2026

Попоски најавува претпазливост од бурни дождови и ветер со 90 км/час, еве кога

– Целиот регион е под закана од МОЌНИОТ циклонски систем од запад кој го нарековме „ЧУДОВИШТЕ ОД ЦИКЛОН”. Истиот во регионот веќе условува дожд и многу ветровито време. Интензитетот на врнежите понатаму ќе се зголемува и локално во следниот период се очекува воден талог од дури повеќе од 200 литри. Токму поради ваквата состојба очекуваме да има и ПРОБЛЕМИ (ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ). Препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Ќе дува бурен со брзина и до 90 км/час, понекаде и повеќе. Бурен ветер се очекува и кај нас во Македонија. Во Македонија исто така се очекува МНОГУ ДОЖД (во западните предели локално и над 80 л/м2. Можни се локални ПОПЛАВИ (КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ)!

Во регионот, особено во Словенија, Хрватска и во Босна, со продорот на студен воздух од север ќе има и снег. Поради зголемениот интензитет на врнежите, снегот исто така би можел да прави проблеми, особено на планинските места.

Кај нас од понеделник и тоа на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. До тогаш ќе имаме НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овој дел од годината и Сахарска прашина и песок во Атмосферата.

Температурите кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, високи ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот. Од понеделник па натаму истите ќе бележат тенденција на ПАД и тоа поради продорот на студен воздух од север. Треба да се напомене дека поради заладувањето, провејување на снег би можело да има понекаде и во градовите и тоа особено на северот од Македонија.

Да препорачаме да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и поради бирниот јужен и југоисточен ветер кој се очекува понатаму. Препорачуваме да нема движење со чамци низ Охридското, Преспанското и Дојранското езеро и тоа поради големите бранови кои се очекуваат, особено во Охридското езеро каде ветерот ќе биде најсилен, вели метеопрогнозерот Попоски.

 

Слични објави

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....