20.8 C
Скопје
17:05 - 21 октомври, 2026

Tаа e совршена врска меѓу САД и Европа – Кристен Стјуарт на нова задача

Aмериканската актерка Кристен Стјуарт ќе го предводи жирито на Берлинскиот филмски фестивал кој по 73-ти пат ќе се одржи во февруари во германската престолнина, соопшти организаторот на манифестацијата.

„Со импресивна заднина зад себе, таа претставува совршена врска меѓу САД и Европа“, вели во изјавата на веб-станицата на филмската смотра уметничкиот директор Карло Шатријан.

Триесет и двегодишната актерка глумеше во десетици филмови, меѓу кои и во хитовите „Panic Room“, екранизацијата на серијата романи „The Twilight Saga“, „Still Alice“, „Spencer“…

Најновото, 73-то издание на Берлинскиот меѓународниот филмски фестивал ќе се одржи од 16-ти до 26-ти февруари. Повторно централна сцена ќе биде Берлинскиот дворец на Постдамер Плац.

Оваа 2022 година во главната конкуренција беа селектирани 19 филмови од 15 земји. Повеќе од 300.000 посетители до година во година ги сладат проекциите и бројните придружни настани на фестивалот на кој во различните програми се претставуваат секоја година стотици програми.

За реномето на оваа филмска смотра зборува и фактот што илјадници новинари од целиот свет се акредитираат за следење на фестивалските содржини.

Слични објави

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо
Се вчитува....