3.8 C
Скопје
01:16 - 14 март, 2026

Попоски најавува поларен бран, олуен ветар и голем студ, бидете претпазливи од можни штети, еве кога!

– Почнувајќи од денес попладне и навечер, па во текот на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса од север. Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН , повремено и ОЛУЕН ветер од северен правец (над 80 км/час, на планините и до околу 100 км/час). Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ поради можни штети.

Во текот на денешната вечер и ноќ температурите НАГЛО ќе опаднат и во следните денови потоа наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планини на северозапад температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.

Утре локално сеуште ќе провејува снег, додека во текот на следната седмица ќе имаме претежно стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО време (претежно сув студ).

Во Скопје и околината исто така ќе има послаби врнежи претежно од снег а ќе започне да дува и СИЛЕН северен ветер. Температурите од денешната ноќ НАГЛО ќе опаднат и ќе бидат под нулата (близу -10 степени наутро).  Максималните температури исто така ќе се задржат околу или под нулата, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....