10.8 C
Скопје
11:12 - 17 март, 2026

Попоски најавува МЕТЕОРОЛОШКИ ФЕНОМЕН во Македонија, еве што значи „температурна инверзија“

– Во следниот период, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, како и првата седмица од новата 2023 година ќе продолжи стабилното, суво и сончево време и тоа особено на повисоките места и на планините. Повремено ќе има појава на умерена облачност а ќе биде и тивко.

По одделни котлини и речни долини, вклучувајќи ја и Скопската котлина, како и котлините кој се наоѓаат Долж Повардарието ќе има појава на ГУСТА МАГЛА и на ниска облачност, со што и воздухот ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ЗАГАДЕН.

Температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под нулата, додека максималните дневни ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ и тоа особено за време на викендот и следната седмица, и особено на повисоките и планинските места. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до дури 17 степени.

НАПОМЕНА: Во местата со магла и ниска облачност, вклучувајќи ја и Скопската котлина температурата ќе биде ПОНИСКА, а воздухот во Скопје и понатаму ќе биде МНОГУ ЗАГАДЕН. Максималната температура во Скопје во следниот период ќе биде релативно пониска за разлика од повисоките и планинските места и ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени. Наутро пак истата ќе се спушта за неколку степени под нулата, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и заклучува:

– Во следниот период во Македонија ќе го имаме феноменот „температурна инверзија”, овој феномен придонесува во повисоките и планинските места да биде потопло, а во низините и котлините постудено.

Слични објави

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 март: Бидете трпеливи, успехот допрва доаѓа

apostolova
Се вчитува....