6.8 C
Скопје
09:14 - 1 април, 2026

Попоски: Големо невреме доаѓа во регионот, постои опасност од торнадо!

– Најпрвин Словенија, потоа Хрватска, Јадранот, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соседна Србија па Македонија утре попладне и навечер ќе биде зафатена од студен фронт од север кој ќе предизвика силно невреме.

Од ова невреме во поголем дел од Македоија се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост.

Од недела ќе дува засилен ветер од западен и од северозападен правец, а температурите позначително ќе се намалат (дури за околу 10 степени, а во северните предели локално и за повеќе од 10 степени). Во Алпскиот регион како што и претходно најавивме очекуваме и врнежи од снег.

Буквално целиот регион ќе биде погоден од ова силно невреме, повторно постои опасност од појава на торнадо, па и од суперќелиско невреме кое би можело да направи многу штети.

Локално исто така постои опасност од појава на поројни поплави и лизгање на земјиштето.

Словенските колеги (метеоролози) овој бран на невреме и студен продор од север го нарекоа “Убиец на летото”, односно со ова сакаат да кажат дека вистинските горештини и лето се позади нас. Исто така и од наша страна беше најавено истото уште пред речиси една седмица – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....