7.8 C
Скопје
04:55 - 2 април, 2026

Попоски: Доаѓа врвот на екстремно жешкиот бран, еве кога

– Екстремно топлиот Африкански бран во Македонија продолжува и во следните денови, а во текот на следната седмица доаѓа неговиот максимумкога ќе биде најтопло ова лето. Инаку ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија прогласивме највисока опасност од екстремно високите температури, односно прогласивме црвен метео аларм, па затоа граѓаните да бидат крајно внимателни и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности, а работниците да избегнуваат директна работа на сонце, затоа што Ув индексот има екстремно висока вредност (вредност 10).

Времето во Македонија и во следните седум до десет денови ќе биде стабилно, суво и сончево, но ќе започне да дува ветер претежно од западен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Врнежи не се очекуваат, што значи дека ќе имаме сушен период.

Температурите во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу 40 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе надминуваат 40 степени, односно тие ќе се искачуваат и до 43 степени.

Следната седмица, односно во вторник и во среда барем според моменталните анализи, топлотниот бран кај нас ќе го достигне својот максимум и тогаш во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 45 степени, а можно е истите и да надминат 45 степени.

Во Скопје и околината температурите во следните денови ќе се искачуваат до околу, а во текот на следната седмица и над 40 степени.

Ноќите на повеќе места ќе бидат тропски, што значи дека температурите нема да се спуштаат под 20 степени, и тоа особено во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат и над 50 степени, понекаде можно е и до близу 60 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....