Холивудската актерка Хали Бери (53) не престанува со објавување провокативни фотографии на Инстаграм, а оние меѓу последните објавени ќе ви го разубават денот или ноќта.
На една од нив, 53. годишната Хали позира во топлес и делимично ги открива своите бујни гради, но и мускули на рацете кои се резултат на напорните вежби на кои таа секојдневно се посветува.
„Колку е убаво да те гледаме“, „Чиста и слободна“, „Изгледаш предобро како и секогаш“, „Те молам, омажи се за мене“, „Ми се допаѓа уметничката страна на овие фотки“, „Се уште си најсексапилна жена на овој свет“ и порачале обожавателите во коментари.
Меѓутоа, некои напишаа и дека изгледа подобро од Џеј Ло, која е три години помлада од неа.