22:14 - 2 април, 2026

Почна обложувањето за Евровизија 2020: Според обложувалниците, Македонија ќе заврши на 38. место

Како и секоја година, сајтот Eurovisionworld.com почна да ги собира квотите од обложувалниците за претстојниот избор за песна на Евровизија, кој треба да се одржи во Ротердам, Холандија.

Иако сè уште не се познати изведувачите на сите земји што ќе учествуваат на овогодинешната Евровизија, започна предвидувањето за победникот на 65. по ред Евросонг.

Според веб-страницата Еurosvisionworld, актуелен фаворит за победник на Евровизија е Литванија, земја која никогаш досега не постигнала значаен резултат на ова натпреварување.

Оваа година Литванија во Ротердам ќе ја претставува групата „The Roop“, која ќе ја изведе песната „On Fire“. Песната веќе има повеќе од два милиони прегледи на официјалниот канал Евровизија.

Од вкупно 41 земји учеснички, нашиот претставник Васил Гарванлиев се наоѓа на 38. место, иако неговата песна сè уште не е промовирана.

На 34. место е Албанија, а на 40. Словенија.

Од балканските земји Хрватска е сместена на 35. место, а Србија на 28. место.

Бугарија се наоѓа на високото петто место.

Секако, ова се само првичните предвидувања на обложувалниците кои се менуваат од минута во минута и се надеваме дека по промовирањето на песната на Гарванлиев, Македонија ќе котира многу повисоко.

eurovisionworld.com/принтскрин

Слични објави

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova
Се вчитува....