1.8 C
Скопје
01:08 - 13 март, 2026

Почина српскиот актер Воислав Говедарица, глумеше со Сталоне во „Рамбо“

Српско-американскиот актер Воислав Говедарица, кој важи за еден од најуспешните Срби во Холивуд, ненадејно почина на 83-годишна возраст, јавуваат медиумите.

Тој беше познат и по имињата Воја Гориц и Воја Крстарица, а починал во Лос Анџелес во САД.

Освен што беше актер, Говедарица беше и успешен каскадер, но и телохранител на холивудскиот актер Силвестер Сталоне.

Сталоне дури се ангажирал за Воислав да добие улога во познатиот серијал „Рамбо“ (Rambo), а тој се појави во вториот дел од филмот. Во филмот, сите го знаат како Русинот што го мачеше Рамбо.

Исто така, тој е многу познат по тоа што го играше негативецот во некогаш многу популарниот филм со Жан Клод Ван Дам – „Лавовско срце“ (Lionheart).

Во тој американски филм, Воислав во еден момент изговара една позната реченица на српски јазик која во тие години многу се цитираше во Србија.

Исто така, Говедарица се појави како гостувачка ѕвезда во четвртата сезона од популарната српска серија „Убијците на мојот татко“.

Говедарица е роден во 1940 година, а во светот на филмот првпат го вовел познатиот Пуриша Ѓорѓевиќ.

 

 

 

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....