6.8 C
Скопје
08:35 - 18 март, 2026

Почина Мирчо Чуков од „Интервали“, музичарите се простуваат од својот колега

Вчера на 67-годишна возраст ненадејно почина вокалистот и клавијатурист на групата „Интервали“, Мирчо Чуков.

Пријателите и колелегите од музичкиот свет се опростуваат од него на социјалните мрежи.

Веста за ненадејната смрт ја соопшти СДСМ од Ново Село, родното место на Мирчо, а во оваа партија тој беше член.

– Изгубивме голем сопартиец, борец, а пред сѐ голем човек! Почивај во мир, пријателе! Сочувство до фамилијата!, стои во нивната објава на Фејсбук.

„Почивај во мир, драг мој Мирче. Македонија изгуби денес еден од најдобрите вокали, прекрасен човек и другар. Почивај во мир и нека ти биде патот светол до вечноста. Сега да им пееш на ангелите“- напиша на Фејсбук естрадниот уметник Ѓоко Ѓорчев.

„ Направи многу музички дела и задолжи многу музички генерации пробивајќи им пат. Струмица и Македонија се сега сиромашни за уште еден музички великан. Преку твоите песни ќе живееш овде меѓу нас“…-пишуваат пријатели на Чуков.

 

Слични објави

Хороскоп за 18 март: Овните ќе добијат убави вести за нова работа, Близнаците се вљубени до уши

Еспресо

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо
Се вчитува....