11:39 - 12 март, 2026

Почина актерот Доналд Сатерленд на 88-годишна возраст по долго боледување

Холивудски актер Доналд Сатерленд, чија кариера се протегаше од 1970-тите до 2020-тите, почина на 88-годишна возраст по долго боледување во Мајами, пренесуваат странските медиуми.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и неговиот син, акерот Кифер Сатерленд.

„Со тешко срце ви кажувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Мислам дека тој е еден од најважните актери во историјата на кинематографијата. Го сакаше тоа што го правеше и го правеше тоа што го сакаше, а повеќе од тоа не можете да барате“, напиша Кифер.

Сатерленд стана икона со филмовите како „Валканата дузина“, „МАШ“, „Клут“ и „Не гледај сега“, и уживаше во плодна и широката кариера со филмовите, вклучувајќи ги „Обичните луѓе“ и „Без граници“. Повеќе од половина век, актерот добитник на Еми и Златен глобус незаборавно глумеше негативци, антихерои, романтични главни личности и фигури на ментори. Неговата биографија неодамна се зголеми и со неговата споредна улога во франшизата „Игри на гладта“.

Важеше за еден од најголемите актери кој никогаш не беше номиниран за Оскар за некоја од неговите улоги, а дури во 2017 година доби почесна статуетка.

Сатерленд зад себе ги остави неговата сопруга Франсин Рацет, синовите Рог, Росиф, Ангус и Кифер, ќерката Рејчел и четири внуци.

Слични објави

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova
Се вчитува....