14.8 C
Скопје
02:25 - 22 октомври, 2026

Победата на Деп ги сврте рефелекторите и кон син му, еве кој е Џек Деп – наследникот на Џони

20 годишниот Џек Деп отсекогаш се обидувал да се држи подалеку од центарот на вниманието, но сепак, во моментиве на враќање на славата на неговиот татко, се открија и неговите таленти и дел од љубовниот живот на Џек, но и тоа дека тој отсекогаш сметал дека Амбер не е жена за неговиот татко.

Џони Деп остави зад себе тешки недели на судења, но и тешки години на бојкот од страна на холивудската индустрија. А откако започна неговиот нов живот, со победата во судскиот случај проитв неговата поранешна сопруга, глумицата Амбер Херд, неизбежно, во последните неколку дена, рефлекторите се задржуваат на неговиот приватен живот повеќе од вообичаено. И така, љубопитноста на оние кои го сакаат или не го сакаат Деп, сега стигна и до неговите деца кои со години живее живот надвор од рефлекторите.

Деп има две деца: Лили-Роуз и Џек Џон Кристофер Трети, родени од љубовта меѓу актерот и Ванеса Паради (приказната заврши во 2012 година, по 14 години заеднички живот). Додека ќерката е активна на социјалните мрежи – со 6,1 милиони следбеници на Инстаграм -, малку се знае за Џек. Нешто може да се види од фан страниците посветена на младото момче, но ништо што би било доволно за информации. Роден во Франција на 9 април 2002.

За време на интервјуто за Inquirer, Џони Деп откри: „Џек навистина црта многу добро, а исто така знае и да глуми. Но сепак, освен училишните претстави, тој не покажа желба да стане актер“.

И покрај тоа што се обидува да се држи подалеку од папараците, момчето буди голема љубопитност кај фотографите на трач магазините. И така, конечно излегоа на виделина некои озборувања, како она за неговиот љубовен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camille Jansen (@camillejansen)

Најверојатно Џек бил во врска со француската манекенка но и музичарка Камил Јансен, но приказната сега е завршена.

Но уште две работи се сигурни. Првата е дека многу личи на татко му Џони, а некои го нарекуваат „двојникот“. Втората, е дека тој има многу убав однос со неговата сестра Лили-Роуз. Тоа го докажува и нежната порака постирана со фотографија објавена од неа на 9 април 2020, но на фотографијата е претставен Џек од детскиот период. „Денеска моето мало кученце полни 18 години – напиша Лили Роуз на социјалната мрежа. Мојот помал брат, моето срце и душа, среќен роденден. Многу те сакам”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Depp (@jackdeppfan)

Инаку, за време на судењето, Џек Деп, како и неговата сестра, постојано биле во контакт со татка си, го охрабрувале, и не подпаднале под тешките зборови упатени до него од страна на Амбер Херд.

Имено, се повеќе се зборува дека Џек бил прв против бракот на татка си и Амбер Херд, која ја проценил уште додека биле во врска, како жена која „не е за него“. 

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....