01:11 - 3 април, 2026

Победа на Борис Џонсон: Ториевците ја изгласаа довербата со 211 гласа „за“

Британскиот премиер останува во улога на лидер на неговата партија. Конзервативците ја изгласаа довербата со 211 гласа „за. Против гласаа 148 пратеници.

Борис Џонсон ја обнови довербата во неговото раководство во Конзервативната партија (од која зависи столот на британскиот премиер), предизвикана од револтот на дел од мнозинската група по скандалот „Партигејт“. Резултатот од тајното гласање вчеравечер беше 211 гласа за Џонсон, но 148 против, а потребното мнозинство беше 180.

Меѓу  „анти-Борис“ гласачите, беше и помладиот член на владата, шкотскиот конзервативец Џон Ламонт, кој го објави својот глас против со оставка од улогата на помошник на министерот за надворешни работи на Лиз Трас.

Борис Џонсон ветил: „Повторно ќе ве одведам до победа“, повикувајќи ги конзервативците да се избегне „бесмислена братоубиствена дебата“ за иднината на партијата. Премиерот рекол и „да не ги задоволуваме нашите противници свртувајќи се еден против друг“, на крајот поканувајќи ги „да не играат во ритамот на медиумите“.

Технички, гласањето се фокусираше на улогата на Џонсон како лидер на партијата, но во случај на изгласана недоверба тој исто така требаше да поднесе оставка како премиер.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....