11:36 - 19 ноември, 2026

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Српскиот рапер Војаж призна дека во јавноста намерно градел имиџ на „опасно момче“, иако вели дека во суштина не е таков. Гостувајќи во поткаст, младиот музичар се обиде да објасни зошто создава таква слика за себе.

„Добро прашање, и јас самиот многупати сум си го поставил. Можам да кажам дека во еден момент ме понесе … многу ме понесе“, изјави Војаж.

Кога водителката го праша што точно значи тоа, раперот одговори:

„Тоа значи дека човек во еден момент добил сила. Се осилив и се обидував да прикажам нешто што можеби постои, но на погрешен начин. Мислам дека тишината зборува многу повеќе од зборовите“.

Неговото објаснување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина се пошегуваа на негова сметка. Дел од коментарите гласеа дека „му требаат 10 минути да состави реченица“, додека други напишаа дека „изгледа изгледал премногу филмови па си помислил дека е мафија“.

Во меѓувреме, покрај музичката кариера, Војаж започнува и нов бизнис. Според медиумите, тој регистрирал фирма и планира да отвори берберница, во која наводно инвестирал повеќе од 30.000 евра.

Слични објави

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.

(Видео) Шлагот ја откри слатката тајна — Софија Манчева и Марио Јовановски го споделија полот на бебето

К.С.

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо
Се вчитува....