02:54 - 7 ноември, 2026

По трагичната загуба на сопругот, Тајчи има нова љубов: Овој музичар го освои срцето на југословенската пејачка

Татјана Матејаш Тајчи, некогаш голема југословенска ѕвезда, живее во Америка повеќе од три децении. По Њујорк, Лос Анџелес и Синсинати, нејзиниот дом сега е во Нешвил, главниот град на државата Тенеси.

Тајчи е мајка на три сина Блез, Еван Амадеус и Данте, а по смртта на нејзиниот сопруг во нејзиниот живот влегол нов маж. Таа официјално го претстави својот партнер на ХРТ, во документарно-патувачката емисија „Среќни градови“. Станува збор за американскиот гитарист, кантавтор и пејач Дејвид Ленгли.

– Дејвид е мојот партнер, сега не би зборувала премногу за тоа, но да, ние сме партнери. Љубовта е љубов, можеби во позрели години е малку поголема, помирна и поодговорна затоа што растеме како личности и луѓе. Тоа е сè што можам да кажам – открила Тајчи  за „Стори“.

Некогаш исклучително популарната пејачка, чиј евровизиски хит „Хајде да лудујемо“ сè уште со радост се пее на разни забави, во 2017 година стана вдовица. Нејизниот сопруг Метју Камерон ја загуби битката со ракот на белите дробови на 47-годишна возраст. Тие беа во брак 17 години и имаа три сина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajci (@tajcicameron)

„Веќе не те боли. Веќе не си врзан со човечки ограничувања. Сега тој е навистина слободен. Ќе црпиме сила и радост од сè што е и од она што ни го дал. Данте го направи ова видео и го нарече татко“,  напишала тогаш Тајчи својот Фејсбук.

Инаку, Тајчи сè уште се занимава со музика, а пред извесно време ја заврши обуката за животен тренер во Центарот Чопра.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....