10.8 C
Скопје
01:41 - 4 април, 2026

По граѓанскатa, следува и црквена венчавка: Игор Којиќ пред Бог ќе ѝ се заколне на 15 години помлада Софија

Синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, на 3 јануари тајно се ожени со својата избраничка Софија Дачиќ, која е 15 години помлада од него.

Игор и Софија потоа направија граѓанска венчавка во Нов Белград, а наскоро ќе се заветат и на вечна љубов пред Бог.

– Игор е голем верник и нему црквена венчавка му е многу поважна од онаа во општината. Но, тој и Софија се сакаат толку многу што не сакаа повеќе да чекаат, па оваа формалност пред законот ја направија на 3 јануари. Бидејќи тогаш сè уште беше во тек божиќниот пост, тие не можеа да се венчаат во црква, па тоа ќе го направат во прва прилика. Како што сега стојат работите, се планираат две опции. Првата е тоа да се направи во парохиската црква Свети Василиј Острошки на Бежанијска коса или да одат во некој манастир далеку од градската врева и таму да го направат овој свет чин – раскажал изворот.

Инаку, Игор за српски „Блиц“ ја потврди среќната вест и откри дека тој и неговата сопруга добиле признание од општината.

– Точно е дека јас и мојата сопруга добивме награда и признание од општина Нови Београд како прва брачна двојка во 2025 година. Софија е мојот дар од Бог. Првата, последна, единствена и вистинска љубов. Среќен Божиќ на сите, Христос се роди – рекол младоженецот.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....