12.8 C
Скопје
17:31 - 3 април, 2026

Петиција против концертите на Дино Мерлин во Србија: Бројката вртоглаво расте

Босанскиот пејач Един Дервишалидовиќ, попознат како Дино Мерлин, има закажано четири концерти во главниот град на Србија. Додека дел со нетрпение го чека концертот на Мерлин, се повеќе луѓе потпишуваат петиција и не сакаат Дервишалидовиќ да одржува концерти во Србија поради неговиот наводен говор на омраза кон Србите.

Имено, на 27 јули беше покрената петиција на веб-страница каде има фотографија од босанскиот пејач со натпис „Непосакуван“, како и сите негови изјави кои наводно ги дал против српскиот народ. За само еден ден потпишана е петиција од над 10.000 луѓе против влезот на Мерлин во Србија. Оваа бројка расте секој момент, а досега петицијата ја потпишале над 50 илјади луѓе кои на овој начин се изјасниле дека не сакаат концерт(и) на Мерлин во Белград.

Инаку, Мерлин има закажано концерти за 18, 19, 21 и 22 ноември во Белград, од кои три се распродадени, а четвртиот се очекува да биде пополнет во рекордно време.

Само закупот на арената Старк чини 25.000 евра, пренесува српски Телеграф, што значи дека Мерлин има фиксен трошок само за тоа од 100.000 евра. Бројките се однесуваат на 4 концерти, бидејќи евентуалниот петти или шести се уште не е официјално закажан. Се проценува дека Мерлин ќе си замине од Белград со заработка од 3 милиони евра.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....