3.8 C
Скопје
18:54 - 18 декември, 2024

Патот до круната на кралицата Елизабета Втора: 27 милиони го следеле крунисувањето на телевизија

Кралицата Елизабета Втора денес го слави 96-тиот роденден. Родена е како трета во низата за наследство на тронот. Нејзиниот харизматичен чичко, Едвард Осми, обожаван од народот во Британија, станува крал по смртта на неговиот татко, но се откажал од престолот поради љубовта кон Американката Волис Симпсон.

Бидејќи нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести и мајка ѝ на Елизабета немале други деца освен Елизабета и нејзината помала сестра Маргарет, позицијата на британски монарх ѝ била загарантирана.

Елизабета уште од мала била една од омилените личности во Британија. Од милост дома ја викале Лилибет, а и неа и сестра ѝ ги огледувала гувернантата, која подоцна открила дека Елизабета била посебно дете, уредно, педантно и со големо чувство за одговорност.

Крунисувањето на 26-годишната Елизабета важи за едно од најпопуларните кралски случувања во 20-от век, а нејзиното качување на престолот донесе нова енергија во банкротираната и воено исцрпена Британија.

За популарноста говори и фактот дека повеќе од 100 милиони луѓе го слушале преносот од крунисувањето на радио, а 27 милиони го следеле на телевизија, односно каналот „Би-Би-Си“.

Бракот со Филип

Во 2017 година, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип прославија 70 години брак. Тоа е најдолгиот брак во историјата на кралските семејства.

Елизабета за првпат го запознала Филип во далечната 1934 година: осумгодишната Елизабета присуствувала на венчавката на братучедот на Филип, каде и го запознала принцот Филип кој бил пет години постар од неа. После пет години, непосредно пред Втората светска војна, Елизабета повторно го сретнала осумнаесетгодишниот Филип и веднаш се заљубила во него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Елизабета тогаш имала само тринаесет години, но не можела да престане да мисли на него. За време на Втората светска војна, Филип служел како офицер во Кралската морнарица, а парот во тој момент уште повеќе се вљубил и меѓусебно си разменувале писма.

Во 1946 година Филип се вратил од фронтот и ја запросил Елизабета, која била многу среќна и се согласила на венчавка. Меѓутоа, парот морал да ја чува веридбата во тајност до роденденот на Елизабета. Тие официјално ја објавиле веридбата на 9 јули 1947 година, а се венчале на 20 ноември истата година.

За да се ожени со Елизабета, Филип морал многу да жртвува. Прво се откажал од своите титули. Потоа се откажал и од своето германско потекло и станал британски државјанин. На ниту еден член од неговото семејство, вклучувајќи ги и неговите три сестри, не им било дозволено да присуствуваат на свадбата. Утрото пред свадбата Филип одлучил да престане со пушење, затоа што знаел дека Елизабета ја презира таа навика.

Дека нејзиниот сопруг беше нејзина најголема поддршка, во една прилика изјави и самата кралица за време на својот говор на денот на „златната свадба“ во 1977 година: „Тој е некој кој не прифаќа лесно комплименти. Едноставно, тој беше и остана моја сила сите овие години.”

Имале заеднички интереси

Тие сакале исти работи: диви животни, излети, возење автомобили, јавање коњи. Времето го поминувале уживајќи заедно се до смртта на принцот Филип.

Познато е дека принцот Филип на својата сопруга ѝ дал необичен прекар – „кобасица“. Поточно кралицата нема природно насмеано лице и на забавите често изгледала мрачно. За време на еден од формалните приеми во Сиднеј, Филип ѝ шепнал на својата сопруга „Не гледај така тажно наоколу, кобасице“. Се разбира, ова ја насмеало кралицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Во Англија, високата класа отсекогаш имала одвоени спални соби, а не е исклучок ни кралицата. Во 1949 година двојката се преселила во куќа во близина на палатата, и таму секој од нив имал своја посебна спална соба.

„Не сакате да се мачите со рчење или некој да ви го земе ќебето. А сепак, ако се чувствувате пријатно, делете ја својата соба. Убаво е кога сте во можност да бирате“, објасни еднаш Леди Памела Хикс, роднина на принцот Филип.

Без оглед колку време поминувале одделени еден од друг, кралицата и принцот Филип никогаш не престанале да комуницираат. На пример, откако избувнала Втората светска војна, принцот Филип служел во британската кралска морнарица и често си пишувале еден на друг.

Како што рекол принцот за време на здравицата по повод прославата за 50-годишнината од бракот:
„Главната лекција што ја научивме е дека толеранцијата е една од важните состојки на секој среќен брак. Тоа можеби не е така важно кога работите се добри, но апсолутно е од витална важност кога ќе се појават тешкотии“.

Меѓу своите лични работи, кралицата дефинитивно го фаворизира својот брош, кој ѝ го подарил нејзиниот сопруг во 1966 година. Многу често го носи, дури и за време на првата божиќна порака на телевизија. Со тоа, кралицата Елизабета тивко му оддава чест на својот сопруг, принцот Филип.

Кралицата уште во далечната 1972 година рекла: „Ако ме прашаат што мислам за семејниот живот по 25 години брак, можам да одговорам со еднаква едноставност и убедување, јас сум за тоа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо
Се вчитува....