-3.2 C
Скопје
04:09 - 23 декември, 2024

Пасивно-агресивните луѓе се кријат зад молчењето и прикриената лутина

unsplash

Пасивната агресија е одбранбен механизам кој доведува до индиректно
манифестирање на агресијата кон другите преку пасивност или неделување,
саботажа…
Основниот начин на кој функционираат овие луѓе вклучува создавање позитивна
атмосфера околу одреден проблем („можеш да се потпреш на мене, јас утре тоа
ќе го завршам), а кога ќе дојде време за резултати, тие ги саботираат (не ја
завршуваат задачата). Преку неделувањето, пасивно-агресивните луѓе
манифестираат тврдоглавност и ви пружаат отпор. Тие не се способни да ви
кажат отворено и в лице дека не се согласуваат со вашето мислење, дека не
можат да ја исполнат наредбата (или она што сте ги замолиле) или дека барате
премногу од нив. Ќе ви се насмевнат љубезно, ќе остават впечаток дека ќе ја
исполнат својата задача, а всушност, нема да мрднат со прст затоа што тоа не е
во нивен интерес.

Некои од карактеристиките на пасивно-агресивните луѓе:

1. Не ја покажуваат лутината
Ова е навика која нема да му помогне на никого. Негирањето на гневот е класично
пасивно агресивно однесување, велат психолозите.

2. Муртење
Уште една стратегија на пасивно-агресивните луѓе е да се повлечат пред
конфликтот, така што тие ќе се „муртат“. Психолозите објаснуваат: Бидејќи ова
однесување се должи на верувањето на една личност дека изразувањето на
лутина само ќе ги влоши работите, таа често користи фрази како оние дека сè е во
ред, за да избегне директна комуникација.

3. Одолговлекувате и двоумење
Одложувањата на обврските, задачите и несигурноста се исто така симптоми на
пасивното-агресивно однесување. Додека повеќето од нас понекогаш
одолговлекуваат со исполнувањето на обврските, овие лица ќе го искористат
одолговлекувањето како начин да го избегнат задавањето на нови задачи за да не
мора директно да ги одбиваат.
Пасивно-агресивните лица имаат неверојатна моќ да останат смирени додека
другите, исцрпени од ваквото однесување, реагираат со гнев. Понекогаш тоа
особено ги забавува.

4. Праќаат двосмислени пораки
Коментарите од пасивно-агресивна личност понекогаш можат да повредат, да
здоболат како нож во грбот, но на нив е тешко да се одговори. Зошто? Затоа што
тие знаат како да го кажат тоа индиректно, а вие ќе делувате како премногу
чувствителна личност ако се навредите.

5. Ги навредуваат луѓето
Да се биде пасивно-агресивен значи некого да навредите на многу суптилен начин
за да се чувствувате подобро, објаснуваат психотерапевтите. Оваа акција често
се одвива несвесно, особено кога некој се чувствува лошо, а тие сакаат да бидат
во центарот на вниманието. Затоа е добро да се биде свесен за овие факти, ако
сакате да се промените или ако се чувствувате особено лошо во нечие друштво.

6. Третмани со молчење, тишина
Според психотерапвтите, ова однесување е типично за пасивно-агресивната
личност – ваквите личности сакаат да знаете за нејзиниот гнев, но избираат да не
зборуваат за тоа.

7. Не се директни
Интересен пристап на пасивно-агресивните личности е тоа што ќе им кажат на
сите дека имаат проблем со некоја личност, но никогаш директно на таа личност.
За жал, кога група луѓе кои дознале за конфликтот, од страна на агресорот,
честопати и ќе застанат на страната на таа личност, и со тоа ќе помогнат да се
елиминира целта, без да имале можност да ја слушнат другата страна на
приказната, заклучуваат психолозите.

Како да ѝ помогнете на пасивно-агресивна личност?

Кога сакате да ја „раскринкате“ пасивно-агресивната личност и да ѝ укажете на
нелогичноста на низа нејзини постапки, вооружете се со многу примери за да ги
доловите нејзините постапки. Ако таа личност е подготвена да признае дека
гневот поради нешто е потиснат зад сето тоа, тогаш треба да ја охрабрите на
понатамошен разговор: нека се отвори пред вас и искрено да признае што ја
повредило или налутило, поради што се чувствува безбедно. Не смеете да викате
во овој момент, туку мора да останете смирени. Само вашето разбирање ќе го
отвори патот до „признавањето“.

Кога другите се пасивно-агресивни кон вас?
– Тие секогаш се согласуваат со вашето мислење, дури и кога сте тесногради.
– Никогаш не ви противречат.
– Ве критикуваат, саркастични се и ве „спуштаат“ секогаш кога ќе имаат шанса,
сето тоа под изговор на шега.
– Никогаш не се соочуваат со своите негативни чувства.
– Избегнуваат конфликти и кавги.
– Секогаш се однесуваат ведро и весело пред вас, но другите велат дека се
негативни и чудни зад вашиот грб.
– Тие секогаш го прават спротивното од она што рекле дека ќе го направат.
– Се повлекуваат секогаш кога ќе се соочите со некој проблем.
– Велат дека можете да се потпрете на нив, но не го спроведуваат тоа во дело.
– Ви завидуваат за успехот и ја намалуваат, деградираат вашата важност.
– Ве уверуваат дека всушност не постојат проблеми, дека вие ја преувеличувате
ситуацијата.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....