Уна Чолиќ, постарата ќерка на пејачот Здравко Чолиќ, не крие колку е заљубена во своето 10 години постаро момче, а го запознала и со своето семејство. Овој пар често посетува светски дестинации и ужива во луксуз, а сега е откриено од што заработува човекот што го украде срцето на наследничката на Чола.
Уна Чолиќ не сака да го експонира своето момче во јавност, но се фали кога ќе ја добие 101 роза и некои брендирани работи од него. Како што се испостави, нејзиниот избраник води профитабилен бизнис, а има и локали што ги издава под наем.

– Момчето на Уна се занимава со препродажба на автомобили и автоделови и е многу успешно во тоа. Тој поседува и локали во Белград што ги издава под наем и од тоа зема многу пари – рекол извор близок до парот.
Инаку Уна го запознала своето момче со семејството одамна, па затоа често патуваат заедно со Здравко на турнеи и одат на заеднички одмори.
Да потсетиме, како што пишуваат медиумите, наследничката на Чола наводно е подготвена за брак и наскоро планираат свршувачка.
– Уна Чолиќ и нејзиното момче веќе неколку години уживаат во љубовта, тие се неразделни, а Здравко Чолиќ му даде благослов на својот зет и го прими во семејството со раширени раце. Тие сериозно размислуваат за следниот чекор, па така свршувачката е поблиску од кога било – раскажал изворот неодамна.
