-3.2 C
Скопје
23:59 - 22 декември, 2024

Ова е моментално најгледаната серија во светот!

Од народна приказна, па до видео игра и се до најгледаната серија!

Снимен според романите на полскиот писател Андреа Сапковски, „The Witcher“ според податоците на компанијата Parrot Analytics моментално ова е најбараната серија на светот на сите платформи. Оваа компанија своите податоци ги основа на „единици за пребарување“, стандардизирана мерна единица која вклучува повеќе различни параметри по кои гледачите може да се поврзат со некоја емисија или серија – од обично лајкување кое најмалку се вреднува, до превземање и емитување кои се на врвот на важноста.

View this post on Instagram

This place isn't safe if you're alone. 20 December.

A post shared by The Witcher (@witchernetflix) on

Insider вели дека серијата која на Netflix започна да се прикажува на 20 декември, ја надмина гледаноста на Дизниевата серија „The Mandalorian“ и во неделата од 22 до 28 декември, според сите параметри била најгледана. „The Witcher“ воедно била и најгледаната серија во САД со приближно 127 милиони „единици на пребарување“ во споредба со 115 милиони единици кои ги имала „The Mandalorian“ во истата недела.

Тоа е многу импресивен старт имајќи во предвид дека популарноста на „The Mandalorian“ беше преголема – претходниот месец оваа серија во Америка ја тргна „Stranger Things“ од првото место кое таа серија љубоморно го чуваше дури 21 недела без престан!

„Моменталниот светски успех на „The Witcher“ јасно покажува колкаво влијание на публиката може да имаат сериите кои ги објавуваат сите епизоди наеднаш (кои подоцна може да ги „binge watch“, односно гледате наеднаш)“, изјавил претставникот на Parrot Analytics. „Исто така значајно за позиционирањето на Netflix на пазарот за 2020 година е тоа што  SVOD (Subscription Video On Demand – се однесува на услугата која на корисниците им нуди неограничен пристап кон широк спектар на квалитетни програми за месечна надокнада) станува доминантен.“

Податоците од Parrot Analytics го поткрепуваат тврдењето од Netflix дека „The Witcher“ е нивната најпопуларна серија во 2019 година. Netflix во понеделникот објави листа на своите први 10 најгледани серии во годината што измина. „The Witcher“ единствено во САД е се уште на второ место под „Stranger Things“, додека во Британија и Австралија е на првото место.

View this post on Instagram

I’m not a good man. I’m a Witcher.

A post shared by The Witcher (@witchernetflix) on

Листите на Netflix се основаат на тоа колку домакинства ја пренесуваат серијата најмалку 2 минути во текот на првите 28 дена од објавувањето. Секако за „The Witcher“ кој е достапен многу пократко се користени досегашните мерни параметри.

View this post on Instagram

Mother, or in this case, grandmother knows best.

A post shared by The Witcher (@witchernetflix) on

Популарноста на серијата расте и покрај лошите оцени од критичарите. На познатата страница за рецензии „Rotten Tomatoes“ на основа на 63 рецензии серијата добила резултат од 59%, додека од друга страна, оцените на гледачите основани на повеќе од 14,000 гласови изнесува дури 93%. Меѓутоа, далеку од тоа дека сите критики се лоши.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....