7.8 C
Скопје
07:12 - 20 февруари, 2026

Откриено е што му рекол принцот Хари на човекот до него за време на крунисувањето на Чарлс: „Доста ми е од…“

Принцот Хари на крунисувањето на татка си, кралот Чарлс, седеше до Бруксбанк, сопругот на принцезата Евгенија. Многумина кои го следеа овој настан можеа да забележат дека Хари нешто му шепоти на човекот до него.

Сега е откриено за што разговарал Хари со сопругот на неговата братучетка. Според Морган Фриман, кој го анализирал разговорот преку читање од усни, Хари рекол дека ситуацијата не е идеална.

– Доста ми е од начинот на кој се однесуваат кон мене. Тоа не е идеална ситуација – рекол принцот.

Бруксбанк пак, му порачал:

– Ако можам да направам да се чувствуваш подобро, можам да ти помогнам. Тоа не е мирен живот, нели?

Читачите од усни забележаа дека Хари му рекол на Бруксбанк дека мора да го фати летот, што се покажа точно бидејќи принцот Хари брзо ја напуштил церемонијата и се вратил во Калифорнија.

Принцот Хари беше поканет на свечен ручек во Бакингемската палата по крунисувањето, но не се појавил. По крунисувањето, тој веднаш отпатува за Калифорнија каде неговиот син го прослави роденденот.

Потсетуваме, на церемонијата на крунисувањето на Чарлс  не беше Меган Маркл, која во Калифорнија остана со децата Лилибет Дијана (1) и Арчи, кој тој ден го прослави четвртиот роденден.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....