11:43 - 6 април, 2026

Откриена е причината зошто Елтон Џон се расплака и го напушти својот концерт пред неколку дена (ФОТО)

Познатиот музичар Елтон Џон (72) ќе земе дополнителни денови одмор по препорака на докторот, пред да ги одржи своите два преостанати концерти во Нов Зеланд – беше соопштено во понеделникот на 17 февруари.

Организаторите се огласија откако пејачот во неделата го прекина својот концерт и ја напушти бината во солзи, бидејќи во еден момент му „пукна“ гласот.

Неговиот тим прво соопшти дека планираните два концерти на Елтон за вторник и четврток ќе бидат откажани, бидејќи во неделата му беше дијагностицирано благо воспаление на белите дробови.


Меѓутоа вчера беше соопштено дека наместо во вторник, концертот ќе се одржи во среда, за да може пејачот да одмори.

Елтон во неделата на својата публика по два часа пеење и рекол дека потполно го изгубил гласот, а во тој момент се подготвуваше да го испее својот хит „Даниел“.

– Не можам да пејам – рекол тој напуштајќи ја сцената со солзи во очите.

Елтон се огласи и на Инстаграм и на своите обожаватели им соопшти дека има дијагностицирано благо воспаление на белите дробови, но и покрај тоа ќе ги одржи закажните концерти.

– Сакам да се се заблагодарам на сите кои присуствуваа на вчерашната свирка во Окланд. Рано денеска ми беше дијагностицирано воспаление на белите дробови, но јас бев одлучен да ви го пружам најдоборото шоу – напишал на Инстаграм.

 

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....