Пејачката Александра Пријовиќ неодамна ја потврди среќната вест и откри дека по долгата концертна турнеја го чека своето второ дете со Филип Живојиновиќ. Таа одлучи на извесно време да се повлече од сцената, а сега извор близок до парот откри дека нивното семејство ќе стане побогато со ќерка.
– Александра не сакаше да ја крие добрата вест бидејќи и Филип и таа веруваат дека децата се најголемото богатство. Среќни се, успешни, со години се во хармоничен брак и природно е што сакаа да добијат уште едно дете. Ова не само што ќе ги израдува нив и нивните семејства, туку и нивниот син Александар, кој често им кажувал колку би сакал да има брат или сестра. Неодамна дознале дека Прија носи девојче, но засега знаат само најблиските. Таа вест засега не сакаат да ја споделат поради малер, но и поради нејзиното повлекување од јавноста. Сметаат дека е добро да се зачува интимноста и дека Александра веќе имала доволно присуство во медиумите поради големите деловни успеси што ги постигнала – рекол изборот за „Информер“.
Иако за Александра и Филип најважно е детето да е живо и здраво, изворот открива дека од моментот кога дознале дека добиваат ќерка, двојката блеска од среќа.
– Факт е дека најважно им е дека сè е во ред со бебето, но сознанието дека ќе добијат ќерка им донесе сосема нова димензија во животот. Двајцата блескаат од среќа, а Александра е особено радосна, бидејќи никогаш не криела дека сонува за принцеза која ќе биде нејзината мала копија. Филип веќе размислува како ќе си ја разгали ќерката, сигурен сум дека исто како и на Александар ќе ѝ ја исполни и најмалата желба и дека со нив тројца девојчето ќе биде сакано и среќно дете – открил изворот.
Сите членови на семејствата Живојиновиќ и Пријовиќ со нетрпение го очекуваат доаѓањето на нивното ново бебе, а на Александра и Филип веќе им кажале дека можат да се потпрат на нив во секое време.
-Од моментот кога дознаа дека Александра е бремена, сите членови на нивното семејство слават и се радуваат. Таа нема да се врати на сцената веднаш по породувањето бидејќи сака целосно да ѝ се посвети на својата ќерка, но сите останати ќе бидат тука да ѝ помогнат. Тука се и нејзините родители, но и на Филип и секако Брена, која уште еднаш покажа дека има непогрешлива интуиција, бидејќи неодамна изјави дека е сигурна дека Прија носи девојче. Кога се собраа на семејна вечера на која Филип и Александра објавија дека чекаат ќерка, сите скокнаа од радост, а остатокот од вечерта Брена го помина задевајќи се дека е вистинска вештерка – додал добро упатениот извор кој наведува дека Прија и Филип сè уште не избрале име за бебето.
– Мислат дека е уште рано, иако бабите и дедовците веќе почнаа да купуваат облека и сите потребни ситници. Верувам дека секој ќе има барем малку придонес во изборот на името, но дека конечната одлука ќе ја донесе малиот Александар, кој едвај чека да се роди сестра му – заклучил тој.
Иако се повлече од сцената, Александра сè уште присуствува на градските настани, а неодамна се појави и на роденденската забава на нејзината пријателка и соработничка Жика Јакшиќ.