9.8 C
Скопје
18:26 - 26 октомври, 2026

Операцијата на Зоки Фаци е одложена, сериозна е, се чека лекарскиот тим да одлучи

Операцијата на естрадниот новинар Зоран Василевски – Фаци, која денеска требаше да се изврши во една од приватните скопски болници, е одложена.

Јутјуберот Стефан Лазаров, инаку близок соработник и пријател на Зоки Фаци, денеска повторно се огласи на социјалните мрежи.

„Здраво луѓе. Знам дека сите очекувате нови информации околу Зоки па да ве известам. Вчера е хоспитализиран и денес требаше да биде опериран, но поради дополнителни испитувања операцијата е одложена за наредните денови. Како што ми пренесуваат, операцијата е многу сериозна и се чека лекарскиот тим да одлучи кога ќе биде подготвен“, напиша Лазаров.

Инаку, пред еден месец Лазаров на својот профил на Фејсбук објави апел за помош на Зоки Фаци. Потоа, Зоки замина на лекување за Турција, но пред две недели се врати. Зоки таму бил подложен на низа испитувања кои, како што откри Лазаров, за три дена чинеле околу 7.000 евра, по што била донесена одлуката да се оперира во Скопје.

Слични објави

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

„Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо
Се вчитува....