5.8 C
Скопје
07:06 - 28 март, 2026

Оливер Мандиќ опериран! Жељко Митровиќ откри во каква состојба е пејачот

Српскиот музичар Оливер Мандиќ вчера беше опериран, а детали за неговата здравствена состојба на социјалните мрежи сподели Жељко Митровиќ.

Сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, кој завчера откри дека неговиот пријател и колега Оливер Мандиќ оди на тешка операција, повторно се огласи на социјалните мрежи и ја информираше јавноста дека операцијата е успешно завршена и дека Оливер се чувствува добро.

– Му благодарам на Господ! Оливер е опериран и засега е сосема добро! Мојот пријател и брат ќе биде како нов! Сè во склад со моето животно мото: „Не постои проблем што не може да се реши“. Оваа прекрасна песна од Оливер, ја испраќаме до сите неверни Томи и луѓето кои нè предадоа – напишал Митровиќ на социјалните мрежи.

Митровиќ ја искористил приликата да му се заблагодари на медицинскиот персонал.

– Благодарам на сите лекари и медицински персонал кои учествуваа во овој комплициран зафат – заклучил Жељко.

Да потсетиме, како што објавија српските медиуми, Оливер Мандиќ веќе извесно време имал проблеми со ‘рбетот. Откако се обидел со различни неинвазивни третмани, сепак, било одлучено дека треба да се оперира.

Мандиќ во последно време ретко се појавува во јавноста. Последен пат беше виден на погребот на својата блиска пријателка и музичка легенда, Слаѓана Милошевиќ.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....