05:51 - 12 април, 2026

Објавено е писмото што Балашевиќ му го испратил на Синиша Михајловиќ кога дознал за леукемијата: „Што да ти кажам, сине?…“

Писмото што Ѓорѓе Балашевиќ му го испратил на Синиша Михајловиќ на 11 декември 2019 година, откако беше објавено дека Михајловиќ боледува од леукемија, ја здогледа светлината на денот.

– Што да ти кажам, сине? Ме изненади само еднаш во животот, на оној турнир во Бачка Паланка, кога со истиот „лажњак“ Мане Радиновиќ и мене не испрати на излет во Илок. Оттогаш знам со кого си имам работа… И сиве овие години само ја зголемуваше гордоста што се познаваме. Не ти испраќав пораки кога слушнав за таа твоја „болест“, бидејќи знаев дека тоа не може да биде „твоја“ болест и дека брзо ќе ѝ дадеш до знаење дека тоа е само болест и ништо повеќе… А твоето е нешто друго, твое е семејството, љубовта, твој е чесниот живот што отсекогаш си го водел.

Чекам на пролет да те видам „с плавим чуперком“, мене, за разлика, косата веќе нема претерано да ми израсне, но ќе ме препознаеш. Биди ми подобро и помирен со секој ден, ти благпдарам што се сети на уморниот стар це-фор од Паланка, не Вокри, туку оној другиот, дебелиот, што го шутираше последниот пенал. Тогаш можеби за влакно изгуби, оттогаш веќе никогаш не изгуби, колку што знам, и нема да изгубиш, без грижа. Идеме понатаму, румено момче…Се ова нужно се рачуна само како „зауставно време“, ништо повеќе. Џ. – стои во пораката која Оливера Балашевиќ ја објави на социјалните мрежи.

Писмото било напишано на 19 декември 2019 година, набрзо откако е објавено дека фудбалерот има здравствени проблеми.

Михајловиќ двапати ја победи леукемијата и истовремено успешно ја предводеше Болоња.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....