27.8 C
Скопје
17:12 - 18 мај, 2024

Неделен хороскоп (19-25 декември): Пари за Лавот, одлични вести за Скорпијата, убави емоции за Рибите и Биковите

Оваа недела планетата Јупитер се враќа во знакот Овен, подготвена да им донесе среќа на сите огнени знаци, ама не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: добредојде пак, Јупитер!
Драг Овен, оваа недела планетата Јупитер повторно блеска во вашиот знак, подготвена да ви го подари првиот дел од 2023 година полн со задоволства и можности кои не се пропуштаат! Во меѓувреме бидете трпеливи, доколку во љубовта и на работа ви се случува некој мал или поголем конфликт… на долг рок победата ќе биде ваша. Помеѓу 23 и 24 може да дојде до одредена тензија во семејството.

Бик: љубовта е со вас
Драг Бик, вашата недела започнува со два месечеви денови во опозиција: во понеделник и вторник нешто може да не оди како што сте се надевале, но не грижете се премногу за тоа! На ваша страна ги имате и планетата Венера и планетата Меркур, и двајцата подготвени да ве поддржат и на сентиментален и на професионален план. Среќна Месечина во петок и сабота. Во недела пак,ќе бидете малку нервозни.

Близнаци: Јупитер се враќа во ваша корист!
Драги Близнаци, конечно оваа недела планетата Јупитер повторно ќе се активира во ваша корист и ќе престане да ви ги попречува проектите! Веќе во вторник ќе можете да се чувствувате полесни, но првите месеци од 2023 година ќе ви го донесат вистинското големо задоволство. Внимавајте на Месечината во опозиција во среда и четврток која создава голеа нервоза. Среќна Месечина, пак, за викендот во кој ќе бидете опкружени со топлина и наклонетост.

Рак: стрес
Драг Рак, следната недела за жал ќе биде полна со тензии за вашиот знак, кој ќе треба да се справи со тројно спротивставување – на Сонцето, Венера и Меркур. Ќе има дискусии, и во канцеларија и во семејството, а со партнерот би можеле да доживеете моменти на длабока криза… Посебно внимавајте на петок и сабота, кога дури и Месечината ќе биде во опозиција: одложете ги дискусиите и уживајте во викендот со друштво на оние кои ве сакаат!

Лав: среќата е со вас со наклонетоста на Јупитер!
Драг Лав, транзитот на планетата Јупитер во знакот Овен – кој ќе се случи во вторник – ќе донесе и придобивки за вашиот знак: во наредните месеци ве очекуваат убави потврди или признанија кои ќе ги крунисаат сите ваши напори во последните период. Среќна Месечина во среда и четврток. Месечината во опозиција, пак, во недела, ден полн со тензии.

Девица: воздишка на олеснување!
Драга Девица, конечно оваа недела ќе можете да здивнете: почнувајќи од вторник планетата Јупитер повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак! Во последниот период доживеавте „блок“ фаза на која ќе ѝ дојде крајот во првиот дел од 2023 година, за потоа да ви донесе многу убави плодови на пролет… Во меѓувреме уживајте во наклонетоста на планетите Венера и Меркур, кој ќе ви подарат љубов и добро друштво.

Вага: бидете истрајни!
Драги Ваги, за жал оваа недела – почнувајќи од вторник – планетата Јупитер ќе се врати во опозиција на вашиот знак. Првите месеци од 2023 година се очекуваат да бидат доста стресни, но со вашата истрајност ќе успеете да ја надминете секоја пречка! Во петок и сабота, месечината во неповолна положба, заедно со подеднакво неповолнаа Венера, би можеле да донесат тензии во вашиот љубовен живот. Во недела, од друга страна, ќе бидете многу среќни.

Скорпија: добри вести!
Драга Шкорпија, вашата недела започнува со два прекрасни месечеви денови во кои би можеле да добиете добри вести! Поволниот Меркур ви помага да постигнете важна цел на работа, додека благодарение на планетата Венера нема да ви недостигаат љубов и страст!  Среќна месечина, исто така, во петок и сабота. Викендот сепак, Месечината ќе направи неповолен транзит кој би можел да ве натера да се чувствувате малку нерасположени.

Стрелец: Јупитер се грижи за вас!
Драг Стрелец, оваа недела планетата Јупитер конечно повторно ќе биде активна во ваша корист! Почнувајќи од вторник, за вас ќе започне дефинитивно среќен период, особено од професионален аспект, кој до пролет ќе ви даде одлични резултати. Месечината е со вас во среда и четврток и е подготвена да ви донесе среќа. Викеденот ќе биде полн со прекрасни чувства!

Јарец: многу планети во вашиот знак!
Драг Јарец, за жал оваа недела планетата Јупитер ќе влезе во „непријателскиот“ знак на Овен: до пролет ќе треба да се соочите со уште неколку препреки, а ќе има и моменти на стрес. Во меѓувреме, уживајте во овие прекрасни денови во кои во знакот ќе ги имате Сонцето, Венера и Меркур, подготвени да ви пружат љубов и задоволство од работата! Понатаму, во петок и сабота, месечината исто така ќе биде на ваша страна и ќе ви донесе среќа.

Водолија: среќна недела!
Драга Водолија, од вторник планетата Јупитер повторно ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви гарантира успешен почеток на 2023 година! Резултатите нема да задоцнат до пролет: не чекајте и посветете се на вашите проекти, ќе ја пресретнете наклонетоста на ѕвездите. Недела ќе биде многу среќен ден, месечината ќе блесне во вашиот знак и ќе се чувствувате опкружени со љубов и внимание.

Риби: убави емоции!
Драги Риби, оваа недела можете да сметате на наклонетоста на Венера и Меркур: овие две планети ќе ви дадат денови полни со љубов и состаноци, каде ќе има простор за семејство и пријателство. Конкретно петок и сабота, со прекрасна месечина на ваша страна, ќе доживеете моменти полни со емоции. Мал умор, за жал, ќе ви донесе неповолниот транзит на Марс, а тоа ќе го чувствувате особено во среда и четврток.

 

Слични објави

Ќе ги покрие љубовен бран: Три хороскопските знаци со најголема среќа во љубовта ова лето

еспресо

(Фото) Тони Бијелиќ во ситните часови ја покажа неговата единствена девојка: Драгана Мирковиќ сепак не е минато!

еспресо

(Фото) „Овде имало многу пукање“: Никола Роквиќ објави шокантна глетка по патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно во јавност по гласините за развод: Тој со цвеќе во рака, таа насмеана

еспресо

Неделен хороскоп (од 20 до 26 мај): Нова ера за Близнаците, одлични вести за Лавовите, комплициран период за Рибите

еспресо

(Фото) Хурем ги собра сите погледи во Кан: Мерјем Узерли никогаш посекси

еспресо
Се вчитува....