0.8 C
Скопје
09:57 - 19 декември, 2024

Обама: Крајот на војната во Украина е далеку; автократите (со референца на Трамп) сè уште поттикнуваат теории на заговор и дезинформации

Поранешниот американски претседател Барак Обама предупредува на автократи „кои ги таргетираат малцинствата и често се потсмеваат на меѓународното право“, а војната во Украина според него „е далеку од завршена“.

Обама – зборувајќи на форумот за демократија во Копенхаген, нè поканува да се инспирираме „од примерот на Украинците во нивната битка против Русија“, но е песимист за еволуцијата на конфликтот чии „трошоци ќе се зголемат“.

Инвазијата, тврди тој, одговара на феноменот што се развива и во други сценарија – што се однесува на нападот на Капитол Хил – каде што „демократијата мора да се брани од автократите што ги угнетуваат и на популистичките апели засновани на страв, нетолеранција и огорченост“.

Украинците „се обединети не само во одбрана на нивниот суверенитет, туку и на нивниот демократски идентитет: и нашата поддршка мора да остане силна додека не се реши конфликтот“, забележува Обама, подвлекувајќи како храброста на Украинците е токму тоа што „Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели во Украина и пошироко“.

Барак Обама, исто така, им честиташе на соседните земји на Украина што ги отворија вратите за бегалците од Украина. Според Обама, „демократијата за да напредува треба да развие поинклузивни и одржливи модели на капитализам“ и „да ги оживее нашите политички институции“.

Обама гледа неоходност „да се преземат иницијативи за детоксикација на политичкиот дискурс од дезинформации и теории на заговор и омраза што циркулира на интернет“. Продолжува понатаму во насока дека на секој континент сме сведоци на демократски падови, гледаме автократи кои го засилуваат угнетувањето, кои често се потсмеваат на меѓународните закони. Обама е убеден дека мораме да се спротивставиме на „популистичките апели кои се вкоренети во страв, нетолеранција и огорченост и кои доведоа до подем на лидери кои систематски се обидуваа да ги загрозат демократските институции“.

Обама потоа го дава примерот што е најблизок до него – оној на Соединетите држави – каде што „овие сили го предизвикаа нападот врз Конгресот и сè уште поттикнуваат теории на заговор и дезинформации“. Индиректната референца е на Доналд Трамп, претседателот кој го замени Обама, и кој би можел повторно да се кандидира за Белата куќа во 2024 година. Хипотеза која Обама изгледа не сака ни да ја замисли.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Лазар Ристовски и неговата 39-годишна девојка: Аница објави убава вест, честитките се нижат

Еспресо

(Фото) Ги оставија тепачките настрана: Сергеј Трифуновиќ ужива во романтичната Венеција со саканата

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо
Се вчитува....