Во Клиниката „Жан Митрев“ стручен тим спроведува физиотерапија за пациенти со ортопедски или невромускулни оштетувања што влијаат врз нивната мобилност.
Со соодветно избрана терапија стручниот тим помага во елиминирање на болката и ги поддржува пациентите во враќањето на физичката кондиција, што ќе го подобри нивниот квалитет на живот.
• Физиотерапевтска процена – 1800 денари.
• Функционална магнетна стимулација 1500 денари.
• Кинемат CPM и електростимулација 2500 денари.
• Кинемат CPM 1800 денари.
• Кинезитерапија 2000 денари.
• Gunaphoresis – за мали зглобови 1800 денари.
• Gunaphoresis – со два колагена 3000 денари.
• Кинезиотејпинг – 1500 денари.
• Мотомед терапија 1500 денари.
• ERGON IASTM терапија – 2500 денари.
• Ласер терапија – 1800 денари.
• Flossing техника – 2500 денари.
• Пакет кинезитерапија со електротерапија – 4000 денари.
За време на првата посета, терапевтот спроведува физиотерапевтска процена преку тестови и податоци од медицинската историја на пациентот за да ја утврди неговата моменталната состојба, а потоа создава индивидуален план за лекување во координација со ортопедот/хирург.
За време на терапијата, физиотерапевтот им помага на пациентите правилно да ги изведуваат вежбите и, доколку е потребно, спроведува едукација за користење ортопедски помагала.
Во Клиника „Жан Митрев“ им се помага на пациентите со следниве состојби и повеќе:
• Состојби на ‘рбетот (на пр. спондилоартритис, ишијас).
• Состојби на зглобовите на рамото (на пр., постоперативна редукција на коските, трауматска дислокација).
• Состојби на зглобовите на лактот (на пр., тениски лакт).
• Состојби на зглобот на раката и дланката (на пр., синдром на карпален тунел).
• Состојби на зглобовите на колкот (на пр., физиотерапија по операција на замена на зглоб).
• Состојби на зглобовите на коленото (на пр., истегнувања/дислокации на оштетување/руптура на лигаментите, пателата или менискусот на коленото, замена на колениот злоб, после артроскопија).
• Болка (главоболка/болка во вратот, болка во коленото/глуждот/лактот/рамото).
Закажете го вашиот термин на 02 3091 484

Блаже Арсов
Дипломиран физиотерапевт
Комерцијален текст.
