Аурикулопластика (отопластика) претставува хируршка интервенција од областа на пластична реконструктивна и естетска хирургија со која се врши корекција, ремоделирање на големината, формата и поставеноста на ушната школка (аурикула).
Најчест естетски проблем во детската возраст се проминентни односно клемпави уши. Овој естетски проблем во раната возраст честопати поради исмевање од врсниците (булинг) понатаму води кон психолошки проблем кај децата. Од овие причини се препорачува корекција на ушите да се направи во претшколска возраст.
Аурикулопластиката може да се направи во која било возраст, се препорачува тоа да биде откако ќе заврши растот на ушните школки, односно по 5-тата година.
Оваа хируршка интервенција може да биде извршена во локална анестезија или во општа анестезија во зависност од соработката со детето.
Постојат повеќе хируршки техники, како техники при кои се ремоделира ’рскавицата на ушната школка со сечење (Cartilage-cutting techniques), техники при кои со поставување шевови се ремоделира ’рскавицата (Cartilage-sparing methods), комбинирани техники на ремоделирање на рскавицата со сечење и поставување шевови (Modern otoplasty favors a graduated approach by combining suture techniques). Со индивидуален пристап на преглед се прави процена која хируршка техника ќе даде најдобри естетски резултати, а притоа да не дојде до намалување на надворешниот ушен отвор со цел да не дојде до намалување на функцијата, на слухот.
Пациентите постоперативно може веднаш да си одат дома или да останат една вечер во болница.
Заздравување на раните вообичаено е комплетно по две недели, а за еден месец може да се види дефинитивниот резултат. Во првите две недели потребно е пациентот да доаѓа на контроли при што се прават редовни преврски на раните што се скриени зад ушите. Воедно и лузните ќе бидат скриени зад ушите во природната боја што понатаму овозможува да не бидат видливи.
Успешно оперирана 60-годишна пациентка со комплексен тумор на базата на черепот

Пациентката беше примена со прогресивна психомоторна забавеност, проблеми со меморијата и памтењето во изминатите четири месеци, а во неколку наврати и проблем со рамнотежата и пад.
По направените радиолошки иследувања со нуклеарна магнетна резонанца, кај пациентката беше дијагностициран туморски процес во мозокот, по што следуваше индикација за оперативно лекување.
Неврохируршкиот тим во состав: проф. д-р Владимир Рендевски и д-р Михаил Таушанов, применувајќи микроневрохируршка техника, извршија успешно отстранување на овој комплексен тумор на мозокот, кој беше прилепен за базата на черепот, а во непосредна близина на витални мозочни крвни садови.
Пациентката успешно закрепнува.
Експертскиот тим на Клиниката „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед навреме на 02 3091 484
Комерцијален текст.
