11.8 C
Скопје
09:47 - 28 март, 2026

Нови детали за животот на босанката Мирнеса по која трага цела Европа: Има брат близнак, огромна куќа во Бусовача, работела како келнерка…

Откако беше откриен идентитетот на жената од Босна и Херцеговина, која полицијата во Штутгарт ја бара за кражба на милион евра, следуваат нови детали за нејзиниот живот.

Засега е познато дека Мирнеса С. е родена како Бешлиќ, по потекло е од Бусовача, а новинарите босински „Дневни аваз“ вчера го посетиле родниот град на нејзиот татко Исмет, кој починал минатата година. Во Бусовача семејството изградило огромна куќа во која доаѓае од време на време.

Мајката на Мирнеса моментално е во Германија.

Мирнеса има брат близнак и уште една сестра.

Мирнеса Бешлиќ од Бусовача ја крена цела Германија на нозе поради кражбата на повеќе од еден милион евра од фирмата во која работеше.

По неа трага полицијата на цела Европа, но никако не може да ѝ влезе во трага. Во Штутгарт е позната и по прекарот Мики, а пред да работи во компанијата за транспорт на пари работела како келнерка.

фото инстаграм

Како што се тврди, Мирнеса требало да ги пренесе парите од една на друга локација, но наместо до крајната дестинација, парите ги однела со себе на непозната локација и оттогаш и се губи секаква трага.

Полицијата на својата официјална веб-страница објави дека нуди награда во износ од 37.500 евра за да ја пронајде Мирнеса.

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....