10.8 C
Скопје
12:02 - 30 март, 2026

Нова причина за среќа во домот на Аца Пејовиќ: Ќерката Марија го направи горд татко

Пејачот Аца Пејовиќ со години е во брак со сопругата Билјана со која има три ќерки на кои е бескрајно горд.

Едната ќерка, Марија дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград, а сега ја сподели радосната вест дека оди на специјализација. Како што најави таа, обуката ќе ја продолжи на Военомедицинската академија (ВМА).

Марија, судејќи по нејзините фотографии на Инстаграм, работи на клиника за естетска медицина, а на нејзините социјални мрежи има и фотографии со колегите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Pejovic (@pejoviccmarija)

Популарниот пејач во своите интервјуа наведува дека неговото семејство е неговата тврдина.

– Семејството е мојата тврдина. Тие четворица се моето сидро, но и моето едро, моторот, двигателите на сѐ. Немаше да го имам целиот успех да не беа тие четири моја поддршка, гласот на разумот – низ насмевка изјавил Аца, кој во текот на целата своја кариера успеал да дочека само една Нова година со семејството.

– Таа година решив да не работам. Едноставно сакав да го поминам со моите луѓе. Се спакувавме и отидовме во Рим. Беше нереално и сигурно е најдобрата новогодишна ноќ во мојот живот досега – изјавил Пејовиќ.

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....