6.8 C
Скопје
06:14 - 29 март, 2024

Нов скандал во Вестминистер: парламентарец уапсен по обвинение за силување

Нов секс скандал – овој пат со невидена гравитација – ги тресе ходниците на Вестминстер: конзервативен пратеник беше уапсен во вторникот вечерта за силување, а потоа ослободен вчера наутро со кауција.

Од правни причини неговото име не се соопштува, но се знае дека се работи за педесетгодишник кој од полицијата бил обвинет и за непристоен напад, злоупотреба на положбата на доверба и недолично однесување во службена улога.

Фактите датираат две децении наназад, но она што е полошо е што тие траеле седум години, од 2002 до 2009 година, а инспекторите го обвиниле по двегодишна истрага.

Ова е уште еден удар за угледот на британскиот парламент, кој и онака е сериозно разнишан. Друг пратеник пак, Нил Периш, неодамна беше принуден да поднесе оставка затоа што беше фатен како гледа порно видео на својот мобилен телефон за време на дебатите; додека трет, Имран Ахмад Кан, штотуку поднесе оставка по пресудата за сексуално вознемирување на 15-годишно момче.

До сега вакви случаи имало дури 56 меѓу пратениците, што значи по еден случај на секој десетти пратеник.

Во псоледните случаи на злоставување, редовно станува збор за конзервативни политичари: кои се чини дека се особено склони кон сексуални престапи, можеби затоа што главно биле образовани во репресивната атмосфера на британските приватни колеџи.

Неодамна, еден пратеник беше суспендиран од партијата под обвинение за вознемирување и употреба на кокаин; друг за малтретирање на вработен, но сепак седи во Парламентот како независен; трет, поранешен почесен член, беше осуден за силување и малтретирање на неговата сопруга; а уште еден, беше осуден на две години затвор за сексуален напад на три жени, го бранеше неговата сопруга која сега седи во Вестминстер на негово место.

Но и лабуристите не се без гревови, сепак изгледа дека се поизолирани случаи: да потсетиме, уште во првиот скандал од ваков вид, во 2017 година, тогашниот конзервативен министер за одбрана беше принуден да поднесе оставка поради малтретирање, како што и заменик-премиерката ја изгубила работата откако на нејзиниот канцелариски компјутер биле пронајдени порно снимки, додека друга членка на владата била обвинета од нејзината секретарка дека барала да купи секс играчки.

Како што призна актуелниот министер за одбрана, Бен Валас, постои „фундаментален проблем“ со преовладувачката култура во Вестминстер; а главниот обвинител Суела Браверман отиде подалеку, осудувајќи дека во парламентот има „мажи кои се однесуваат како животни“, пренесува „кориере дела сера“.

Многу е кажано и напишано за тоа што треба да се направи за да се санира една срамна ситуација: на пример, зголемување на застапеноста на жените во Парламентот, воведување на таканаречените розови квоти.

Но, се чини дека проблемот е во коренот: како што истакнува Хана Вајт, заменик директор на Институтот за влада, една од најголемите лондонски компании за мислења и анализи, дека „оние кои влегуваат во политиката имаат одредена личност која е егоцентрична и нарцисоидна, со тенденција на ризични однесувања што резултира со убедување дека се над правилата што ги обврзуваат обичните луѓе“.

 

Слични објави

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев
Се вчитува....