8.8 C
Скопје
11:58 - 1 април, 2026

Нина Бадриќ: Уште пред 20 години го започнав трендот за романса со помлади партнери, Маја Шупут и Јелена Розга каскаат зад мене

За Нина Бадриќ љубовта никогаш не била табу тема. Додека нејзините колешки Маја Шупут и Јелена Розга денес ги полнат насловните страници поради романсите со помлади партнери, Нина вели дека таа го започнала овој тренд во љубовта уште пред две децении.

„Го започнав тоа пред 20 години кога навистина беше табу тема, така што тие каскаат по мене, а сега ќе го започнам трендот стар, најстар, постарото е послатко. Ќе го започнам тој тренд. Љубовта не бира, денешните помлади момци се многу позрели од моите врсници, па затоа секој пат се изненадувам со колку храброст и со колку самодоверба пристапуваат и со какви реченици, тоа се убави зрели реченици. Кога човек е отворен, нека се случи што и да се случи“, рече Нина низ насмевка за IN Magazine.

А каков маж би ја освоил?

– Ист цар како мене. Баш ваков како мене. Човек кој се изградил од нула, човек кој е добар, духовит, шармантен и кој ужива во сè што сум. Првенствено личност која е пријател, сега во животот мислам дека можеш да бидеш само со некој кој е твој пријател, партнер, придружник во животот, кој оди со тебе низ сите добри и лоши денови. Кога го имаш твојот најдобар пријател покрај себе, на кого можеш да му веруваш и да се качиш на најмалиот брод или во најголемиот хотел и да бидеш среќен, тоа е тоа – откри Бадриќ.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....