7.8 C
Скопје
20:47 - 1 април, 2026

Нина Бадриќ сподели потресна приказна од нејзина обожавателка: Твојата музика ме спаси

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на социјалната мрежа Инстаграм со своите над 400.000 следбеници ја сподели приказната која длабоко ја трогна пејачката, за една нејзина обожавателка која ја добила битката за живот.

Имено, девојката која ѝ пишала на пејачката истакнала дека имала големи здравствени проблеми и истакнала дека токму музиката на Нина Бадриќ ѝ помогнала да се опорави.

– Синоќа сакав да те гушнам и да ти се заблагодарам гледајќи во твоите очи. И без да знам, ти си мојот пример. Редовно те следам… Секогаш бев полна со живот, работев, бев активна и на 24 години доживеав мозочен удар. Поточно ми пукна крвен сад во мозокот. После тоа бев во кома 14 дена и од час во час се бореа за мојот живот. И додека бев во кома ми ставија слушалки да ги слушам омилените песни (и твоите се таму), ми кажуваа пораки – кој ме поздравува и кој се моли за мене – напиша обожавателката на Нина.

За тоа време, нејзиното семејство ја поддржувало и чувало над неа. Како што истакнува, додека била во кома слушнала и почувствувала сè.

– Кога се разбудив, светот беше поинаков. Не можев да зборувам, не можев да ги движам рацете и нозете повеќе од неколку сантиметри. Но и тогаш, слушајќи ја твојата музика, знаев дека ќе живеам – вели храбрата жена.

По огромен труд, вежби и труд, денес, како што таа вели, пее, танцува, зборува неколку јазици и работи целосно непречено и самостојно.

– Моето мото е „Насмевни се, бидејќи не боли“ и ти благодарам што постоиш и се споделуваш со нас – заклучува обожавателката на Нина.

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....